Ракометниот клуб Борец ангажираа голман, кој треба да ја зголеми конкуренцијата на голот и да донесе поголема стабилност на одбраната.
Денес тие го претставија своето трето засилување за оваа сезона. Станува збор за младиот 20 годишниот Никола Манев, кој претходно има настапувано за младинските категории на Вардар и Тинекс Пролет од Скопје.
Претходно беа обезбедени потписите на средниот бек Борис Ристовски и левиот бек Димче Минов. Од управата на клубот веруваат дека ќе обезбедат уште некое квалитетно засилување со што ќе создават конкурентен тим кој ќе се бори за висок пласман во прволигашката конкуренција.
Можеби ќе ве интересира: