Двајца пациенти кои се лекувале на инфективното одделение на велешката болница се починати од компликации на ковид-19. Во текот на ноќта починат е пациент на 62 годишна возраст од Велес лекуван три дена на инфективно, утрово починат е пациент на 78 годишна возраст од с. Горно Јаболчиште лекуван еден ден исто на инфективно одделение.
Содржината продолжува под рекламата
Во моментов, на инфективното одделение на велешката болница се хоспитализирани 43 пациенти, од кои 37 се позитивни на тестот, четири се сомнителни на вирусот и двајца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното оддееление има 38 пациенти, а на интерното одделение има пет пациенти. На кислородна поддршка се дури 18 пациенти.
Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: