Велешанец почина од ковид-19

Bolnica Veles

Велешанец на 72-годишна возраст почина на инфективното одделение во велешката болница, како последица од ковид-19. Тој бил позитивен на тестот за коронавирус, а на одделението се лекувал три дена. Велешанецот не бил вакциниран против ковид-19. Тој е седмата жртва на коронавирусот во четвртиот бран. За еден месец во велешката болница починаа четворица велешани и тројца жители на Свети Николе.

Zito akcija 640x289px

Во велешката болница денеска од ковид-19 се лекуваат 58 пациенти, од кои 49 се потврдени позитивни на ПЦР тестот, петмина се сомнителни, а четворица пациенти имаат негативен тест, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 32 пациенти. На инфективното одделение се сместени 46 пациенти, на интерното има четворица, а во модуларната ковид болница, која беше отворена вчера, се хоспитализирани осум пациенти. Денеска е испишан еден пациенти како оздравен, со еден негативен тест.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во моментов во Велес има 252 активни случаи на ковид-19. Од почетокто на пандемијата со коронавирус се заразија 5831 велешанец, од кои 5391 се излечија, а 187 починаа.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23477/od-denes-pochnuva-popisot-podatoczite-ke-bidat-objaveni-najdoczna-za-chetiri-meseczi/