
Во општинска изборна комисија Велес за функцијата градоначалник има доставено четири кандидатури додека за место во Советот се пријавени девет советнички листи откако завчера на полноќ беше крајниот рок за доставување на кандидатурите за градоначалник и советнички листи за престојните локални избори закажани за 17 октомври.
За градоначалник на општина Велес кандидатури имаат предложено СДСМ со Ненад Коциќ, ВМРО-ДПМНЕ со Марко Колев, Левица со Златко Арсов, и Семир Алимовод Бошњачки Демократски Сојуз.
Содржината продолжува под рекламата
За место во Советот во општина Велес, листи имаат доставено девет партии, иако некои од поднесените листи се објавени од самите подносители, сепак од ОИК информираат дека носителите на листите и деталните информации ќе ги објават дури откако ќе бидат проверени и потврдени.
Mожеби ќе ве интересира:
