сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Во Велес 12 оздравени и само два нови случаи на коронавирус

Veles Maj 2021

По подолго време повеќе оздравени од новозаразени во Велес. Денес се регистрирани само два позитивни случаи на ковид-19 во Велес, оздравени се 12. Бројот на активни случаи е 284.

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаина КОВИД-19: Скопје – 118, Куманово – 12, Кавадарци – 5, Прилеп и Битола – по 3, Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Струмица, Виница и Кратово – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 408 оздравени пациенти, Пријавени се 12 починати лица: 10 починати лица од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г  и 53г), по едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Содржината продолжува под рекламата

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.

Можеби ќе ве интересира: