Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Уапсена е девојка осомничена за убиството на полицаецот во Велес

Ubistvo Kasapovi 2

Полицијата уапси едно лице осомничено за убиството на 40-годишниот полицаец, кое се случи минатата ноќ, околу 2:30 минути во Велес. Според информациите до кои дојдовме, приведена е девојка, која била во љубовна врска со убиениот. Полицијата ја затекнала и уапсила на местото на убиството, во куќа на улица Максим Горки бр. 190, во непосредна близина на куќата на Касапови, веднаш откако од Итната медицинска помош добила дојава за убиството.

Zito akcija 640x289px

Како што претходно објавивме, ноќеска околу 2:30 минути Итната медицинска помош добила повик за рането лице со нож на улица Максим Горки бр. 190, во непосредна близина на куќата на Касапови. Откако стигнале не местото на настанот, го затекнале полицаецот мртов, прободен со нож во градниот кош.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Во 2:30 часот добивме повик за лице, прободено со нож на улица Максим Горки бр. 190. Се работи за машка особа на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место и веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош“, изјави др. Васе Пановска Поп-Стефанова, началник на Итната медицинска помош – Велес.

Како што претходно објавивме, ноќеска околу 2:30 минути Итната медицинска помош добила повик за рането лице со нож на улица Максим Горки бр. 190, во непосредна близина на куќата на Касапови. Откако стигнале не местото на настанот, го затекнале полицаецот мртов, прободен со нож во градниот кош.

Содржината продолжува под рекламата

Повеќе детали за настанот очекуваме во текот на денот. Ова е прво убиство во Велес по нешто повеќе од четири години.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24026/ubieniot-veleshanecz-bil-policzaecz/

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: