сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Трет пораз за ракометарите на Борец

RK Borec - Mladost

Ракометарите на Борец го доживеаа и третиот пораз во исто толку натпревари. Подобри од нив беше екипта на Вардар од Неготино со резултат 30:21, полувреме 12:11.

Содржината продолжува под рекламата

Само едно полувреме траеше неизвесноста околу победникот на овој натпревар, за да во вториот дел неготинчаини преку Кузманов и Ташев  се одлепат резултатски и ја донесат и четвртата победа за Вардар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Кај велешани Стојанов, Миленков, Лазаревски и Сиљанов беа најефикасни со постигнати три погодоци. Следното коло Борец ја пречекува екипата на Драчево, која е на делба на второто место со Младост Богданци.

Можеби ќе ве интересира: