сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Еден смртен случај и пет новозаразени од ковид-19 во последните 24 часа во Велес

Во денешната ковид статистика на Министерството за здравство регистрирани се нови 111 позитивни случаи на ковид-19. Од нив пет се регистрирани во Велес, оздравени се 11 велешани, бројот на активни случаи е 289. Еден пациент на 72 годишна возраст ја изгуби битката со вирусот.

Содржината продолжува под рекламата

Во последните 24 часа направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нов случај на КОВИД-19: • Скопје – 83• Прилеп – 6• Велес – 5• Кавдарци – 4• Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2• Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 165 оздравени пациенти, во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица: 5 починати лица од Скопје (56г, 69г, 72г, 75г и 91г), по 2 починати лица од Кавадарци (64г и 84г) и Кичево (54г и 87г) и по едно починато лице од Велес (72г), Берово (56г), Гевгелија (64г), Кочани (76г), Крива Паланка (61г) и Струмица (81г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Содржината продолжува под рекламата

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Дебар и едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957. 

Можеби ќе ве интересира: