сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Градоначалникот Аце Коцевски со отчет за резултатите од неговата работа

Ми беше голема чест, што во три мандати, вкупно 12,5 години ја извршував функцијата Градоначалник што претставува и голема одговорност. Ви благодарам за довербата, поддршката, за соработката, за разбирањето, за пофалбите но и за критиките без кои не може да се направат добри дела. Вака Градоначалникот Коцевски им се обрати на своите сограѓанки и сограѓани од последната прес конференција од неговиот трет градоначалнички мандат.

Содржината продолжува под рекламата

„Да се биде Градоначалник на Велес, на градот со посебно место во историјата, просветата и културата на македонскиот народ и држава, не е само голема чест, туку и огромна одговорност. Сакам да ве убедам дека заедно со членовите на Советот и општинската администрација дадовме максимум од можното“, рече Коцевски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Коцевски ги нагласи условите во кои работеше во неговиот трет мандат, со наследени долгови, во услови на светска пандемија на Ковид 19, мала администрација и недостиг на средства од централно ниво за реализација на капитални проекти.

Содржината продолжува под рекламата

Тој за јавноста ги презентираше сите најзначајни инфраструктурни проекти реализирани во изминатите четири години и нагласи дека во овој мандат е постигнат историски успех во постоењето на општината со обезбедување на дури 8.775.711 евра, средства од надворешни фондови за реализација на капитални проекти. Исто така средствата за изградба на инфраструктурата се двојно зголемени во однос на 2017 година или од 40.060.457 денари во 2017  до септември годинава пораснаа на 87.213.289  денари.

Коцевски најави и значајна инвестиција за изградба на фотоволтаична централа на површина од 72,6 ха во месноста викана „Ново село“ , инвестиција вредна меѓу 40 и 50 милиони евра во првата фаза и плановите на инвеститорот за изградба на дистрибутивен центар и фабрика за бродски турбини од пет милиони евра во ИЗ Мамутчево, со отворање на нови работни места и забрзан економски развој. Градоначалникот Коцевски ја извести јавноста и за обезбедените средства и подготвена техничка документација за изградба на подземна гаража и плоштад во центарот на Велес, реконструкција на улиците во централното градско подрачје,нова библиотека, атмосферска канализација за град Велес, гасификација и многу други значајни инфраструктурни проекти, како што тој нагласи за дел од овие проекти веќе се обезбедени средства.

„Општина Велес ќе ја оставам со голем углед без долгови со многу започнати проекти кои се мерат во милиони евра што е гаранција дека Велес успешно ќе се развива во следниот мандатен период“, додаде Коцевски.

Можеби ќе ве интересира: