сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Болниците во Романија полни, Унгарија прими 50 романски пациенти

Slovenija Dom za stari lica

Властите во Унгарија одлучија да прифатат 50 пациенти со Ковид-19 од Романија и да ги сместат на одделенијата за интензивна нега во нејзините болници, изјави вчера министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој оцени дека Романија е во исклучително тешка епидемиолошка ситуација и додаде дека унгарската влада е во контакт со романски официјални лица со цел да и помогне на Романија, пренесуваат агенциите.

Agria

Сијарто потсети дека Унгарија веќе донирала респиратори и други медицински помагала и дека се согласила да прифати сериозно болни пациенти со ковид, кои ќе бидат сместени во болниците во Сегед и Дебрецен.

Романските власти претходно предупредија дека единиците за интензивна нега во земјата се полни и дека нема простор за нови пациенти со Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира: