Реклама

Средношколец од Велес заразен со коронавирус

Средношколец од Велес е позитивен на коронавирус, дознава Батали.нет. Тој е тестиран во понеделникот, а неговите резултати стигнаа денеска. Според нашите информации, средношколецот не е поврзан со првите случаи на заразени, вработените од Шумското стопанство Бабуна.

Zito baner

Младиот велешанец најверојатно се заразил од негов роднина, кој пред две недели се вратил од странство, но немал никакви симптоми.

Agria

Средношколецот неколку денови е дома со симптоми на коронавирус, но бидејќи до денеска немаше резултати од неговиот тест, тој не беше хоспитализиран.

Ова е седми позитивен случај на коронавирус во Велес.