Реклама

Штипски адвокат одбил да ги брани двајцата насилници кои претепаа девојче

Kristijan Micevski

Штипскиот адвокат Кристијан Мицевски не сака да ги брани пред суд двајцата насилници, кои прет два месеци брутално претепаа девојче во влез на зграда, а случката ја снимиле и ја објавиле на социјалните мрежи.

Тој им порачал на роднините на насилниците кои побарале од него услуга, дека ќе помогне, но не нив, туку на девојчето.

Agria

„Ова го правам по цена и да ми ја одземат лиценцата“, вели адвокатот Мицевски.