Реклама

Секој ден сѐ повеќе казни за брзо возење

За време на вчерашните сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Велес , од запрените возила 46 возачи управувавале возило со брзина поголема од пропишаната.

Содржината продолжува под рекламата

„На 16.01.2022 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Велес спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 46 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од
дозволеното. Притоа, 11 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 36 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“ соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР Велес апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта. 

Можеби ќе ве интересира: