Реклама

Знаци дека на вашето дете му фали игра

dete

Владите во своите политики треба да дадат приоритет на времето за играње за да го поттикнат развојот на децата, предупредуваат експертите. За време на пандемијата учениците пропуштија драгоцено време за дружење со своите пријатели.

Една неодамнешна студија на Британското психолошко друштво (БПС) покажа дека повеќе од три четвртини од родителите на деца од основно училиште веруваат дека времето за игра е исто толку важно како и тоа нивните деца да ги надополнат активностите што ги пропуштиле без физичко присуство на училиште поради пандемијата. Околу 96 отсто од родителите изјавиле дека времето за играње е важно за нивното дете. БПС затоа сега ја повикува владата да врати 10 минути од училишниот одмор. Имено, од сите испитаници, 69 отсто од родителите изјавиле дека се загрижени оти пандемијата придонесе за недостиг на време за игра кај нивните деца. Кога станува збор за социјалниот развој, 61 процент од испитаниците изјавиле дека социјалниот развој е најважен за нивното дете.

Agria

Д-р Ден О’Харе, копретседател на Одделот за образовна и детска психологија на БПС, вели дека е јасно оти родителите неизмерно го ценат времето за играње.

– Сега Владата треба да преземе храбри мерки и да ѝ даде приоритет на училишната игра за развој на децата. Не станува збор за барање повеќе време за играње, туку за враќање на она што децата го изгубиле. Мора да има соодветна поддршка, финансирање и ресурси за наставниците кои веќе се под зголемен притисок за спроведување на наставната програма“, рекол тој.

Д-р Ден додава дека децата ја гледаат играта како еден од најважните аспекти од нивниот живот и ги ценат времето, слободата и местото за игра. Тој посочи дека има низа придобивки за нивната физичка, емоционална, социјална и интелектуална благосостојба. Додека некои од овие работи имаат непосреден ефект, други ќе се развиваат со текот на времето.

Ова се знаците дека вашето дете нема доволно време за игра:

Станува нападно

За време на пандемијата многу родители беа принудени да останат дома со своите деца. Затоа децата развиле посилна врска со родителите бидејќи не поминувале многу време сами. Д-р Ден вели дека играта е важна за децата бидејќи преку неа тие можат да се осамостојат. Тој вели дека иако е важно родителите да си играат со своите деца, има и одредена вредност во самостојната игра.

„Детската имагинација може да биде бесконечна и иако понекогаш нивната игра нема смисла за нас, верувајте, без разлика дали е глупава игра, неуредна, груба или игра со улоги… сето тоа се искуства за градење издржливост кај децата“, објаснува тој.

Детето е поемотивно

Ако вашето дете е малку поемотивно од вообичаено, тоа може да се должи на недостиг на време за игра. Ден вели дека времето за игра им помага на децата да искусат низа емоции, вклучително и фрустрација, решителност, достигнувања, разочарување и самодоверба, а преку практика тие можат да научат да управуваат со тие чувства.

Внимателно е кон другите деца

Децата што се затворени со месеци повеќе не се сеќаваат како е да се игра со други деца. Ако вашето дете бега од нив или му е тешко да си игра со други деца, тоа може да биде затоа што нема доволно време за игра. Д-р Ден вели дека играта ги охрабрува децата да се дружат со други деца и да откријат како да градат односи со другите, што може да вклучи изолација ако работите тргнат наопаку. „Играта им дава простор на децата да научат како да се однесуваат со различни деца и со оние што различно реагираат и се однесуваат и им помагаат да изградат различни идентитети“, додава тој.

Се бори со решавање на проблемите

Играта е одличен метод кој може да им помогне на децата сами да се справат во некои ситуации. „Ако некогаш сте гледале деца како играат, со или без играчки, веројатно сте се изненадиле како по некое време решаваат проблеми или тешкотии. Преку игра децата учат да размислуваат креативно и поминуваат низ тешкотии и наоѓаат решенија, без страв дека нешто ќе тргне наопаку“ изјавил д-р Дан.

Неактивност

Ако детето повеќе не сака да трча низ дневната соба, тоа може да значи дека му недостига играта. Д-р Ден рече дека физичките придобивки од играта се исклучително важни за децата. „Знаеме дека децата сè помалку се занимаваат со физичка активност, што штетно влијае врз нивната физичка и психичка благосостојба, па сè што ги поткренува и мотивира е добра работа. Играта им помага во физичкиот развој. Играњето групни игри и спортови исто така помага во градењето на односите“, додава тој.

Извор на веста: deca.mk

Moжеби ќе ве интересира: