вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Шест новoзаразени со коронавирус во Велес

ftxfcqysvblz8xfhqplf

Шест нови заразени со коронавирус во Велес се регистрирани во последните 24 часа, објави Министерството за здравство. Со ова, вкупната бројка на инфицирани лица со коронавирус во Велес изнесува 24.

Според информациите на оваа телевизија, во земјава во последното деноноќие се регистрирани 49 нови случаи, позитивни на коронавирусот.

Agria

Двајца пациенти позитивни на Ковид-19 починале од компликации поради инфекцијата, еден од Куманово и еден од Прилеп. Со ова, вкупниот број на починати лица достигна 34 лица.

Освен шесте случаи во Велес, во Куманово се регистрирани 14 новозаразени, во Скопје 13, Прилеп има осум, шест во Штип и по еден случај во Кочани и Гостивар.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица.