Реклама

Пеце Стојанов со постигнати 29 погодоци најдобар стрелец во Трета лига Југ

Pece Stojanov Prevalec

Во Третата фудбалска лига – Југ, екипата на Превалец го освои второто место, со постигнати точно 100 гола и гол разлика од плус 66. Тоа немаше да биде можно без расположениот Пеце Стојанов кој тресеше противнички мрежи 29 пати во 26 кола.

По Стојанов во оваа статистичка категорија следуваат: Ѓорѓиев Игор од Росоман со постигнати 24 гола, Ибраимовски Ерџан од Ново Црнилиште со постигнати 21 гол , и Ристовски Петар од Вардар Неготино со постигнати 17 гола.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Најблиску до Стојанов од екипата на Превалец е Кристијан Маневски со постигнати 14 погодоци, a добра сезона имаше и Атанасовски Бобан со 10 постигнати погодоци и Чоков Антонио со девет постигнати погодоци.

Можеби ќе ве интересаира: