Реклама

Денеска ќе се знае новата цена на струјата

struja

Денесја ќе се знае какви ќе бидат границите на блок тарифите според кои се ќе наплаќа струјата. Во игра се 4 блока, од кои првиот предвидуваат намалување, вториот иста, а останатите два зголемување на цената во зависност од потрошената енергија.

Според надлежните ова ќе им ги намали сметките на најголем дел од домаќинствата. Експертите пак сметаат дека олеснувањето ќе биде незначително. Потенцираат дека граѓаните треба да размислуваат колку всушност ќе поскапи струјата, а не за блок-тарифите, бидејќи на самите сметки можат да видат колку електрична енергија трошат.

Agria

„Велат помалку ќе плаќаат тие во најевтината категорија, а сите други ќе треба да платат повеќе. Еве, нека гледаат, денеска е околу седум денари киловат час, нека видат дали после ќе биде шест. Ни случајно“, вели Константин Димитров, универзитетски професор.

Цените од блоковите ќе важат само за време на скапата тарифа, од 7 наутро до 22 навечер. За време на евтината тарифа, цената ќе биде иста за сите.

Во меѓувреме, истекува рокот во кој Регулаторна треба да соопшти за колку ќе се покачи струјата. Според Димитров, побараното покачување од ЕСМ не е реално со оглед на големите давачки.

„Не знаеме колкав е џебот на државата и колку пари ќе даде на електростопанство да ги покрие сопствените загуби, затоа што со оваа цена, со 48 евра за мегават час тие не можат да ги покријат трошоците за производство на електрична енергија. Би било коректно спрема потрошувачите да се јави реалната производна цена на ЕСМ и да се знае колку средства ќе субвенционира владата“.

ЕСМ соопшти дека зголемената цена е резултат на поскапите енергенси и нивниот недостаток. Зголемување на цената побараа и од МЕПСО за 70% и од електродистрибуција за 80%.

Енергетската криза ги погоди и другите европски земји. Германскиот министер за економија ги советуваше граѓаните да се тушираат пократко, а во зима да носат подебели чорапи и џемпери за да ја намалат потрошувачката на струја.

Moжеби ќе ве интересира: