Реклама

Од денес почнува пресметката на блок тарифите за поскапената струја

Smetka za struja

Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима.

Пресметката на сумата што треба да се плати ќе биде покомплицирана, а цената за потрошените киловатчасови ќе зависи од висината на потрошувачката во скапата тарифа. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) воведе четири т.н. тарифини блокови, а колку домаќинството ќе плати за скапа струја зависи од тоа колку од неа ќе потроши во текот на 30 дена.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Доколку едно домаќинство за 30 дена потроши до 210 киловатчасови скапа струја ќе ги плати по цена за првиот тарифен блок – 7,72 денари за еден киловат.

Содржината продолжува под рекламата

Доколку едно домаќинство за 30 дена потроши од 210 до 630 киловатчасови ќе ги плати по цена за вториот тарифен блок – 8,08 денари за киловат. Потрошените 210 киловат часови ќе му се сметаат по цена од првиот тарифен блок.

Доколку едно домаќинство за 30 дена потроши од 630 до 1.050 киловатчасови скапа струја, за еден киловат ќе плати 8,66 денари. Притоа, оние пoтрошени до 630 киловатчасови ќе се сметаат според цените за првиот и вториот тарифен блок соодветно.

Доколку едно домаќинство за 30 дена потроши повеќе од 1.050 киловатчасови скапа струја, за еден киловат ќе плати 17,48 денари. Притоа, оние пoтрошени до 1.050 ќе се сметаат според цените за првиот, вториот и третиот тарифен блок, соодветно.

Еден киловатчас во евтина тарифа од утре ќе чини 3,99 денари (потрошени од 22 часот до 7 наутро). Овие цени од РКЕ се со пресметана мрежарина. На сметките ќе се додава и ДДВ од 5 проценти и комунална такса од 184 денари.

Mожеби ќе ве интересира: