Реклама

Поради непочитување на полицискиот час, приведени се 134 лица

Вкупно 172 лица во изминатото деноноќие ја прекршиле забраната за движење во полицски час. Од нив 134 лица се приведени, а на останатите им се земени податоци и ќе им следат соодветни кривични пријави. Од нив најмногу прекршоци има на подрачјето на СВР Скопје, соопшти министрерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Според статистичките податоци, 253 лица потпишале за самоизолација.

Agria

Од оние што веќе се наоѓаат во изолација и самоизолација, полицијата не евидентирала ниту еден што ја прекршил таа мерка.