Реклама

Дарко Димитриевски се враќа во Шпанија, потпиша за Ваљадолид

Велешкиот ракометен интернационалец Дарко Димитриевски ќе се врати во шпанскиот ракомет откако денеска потпиша едногодишен договор со тамошниот прволигаш Ваљадолид.

Минатата сезона Димитриевски играше во германскиот второлигаш Емшдетен кој не обезбеди опстанок во лигата, а во Шпанија се враќа по пауза од година откако претходно беше член на Синфин. Во Ваљадолид друштво ќе му прави уште еден македонец Димитар Димитриоски кој пристигна од екипата на Еурофарм Пелистер 2, а тренер ќе биде поранешниот тренер на Вардар, Давид Писонеро кој имаше неуспешна мисија во Скопје.

Содржината продолжива под рекламата

Agria

Димитриевски настапуваше во Македонија за Борец, Куманово, Металург, Вардар, а има богата интернационална кариера Внастапувајќи во Катар, потоа шпанските Пуерто Сагунто, Адемар Леон и Синфин, унгарскиот Чургои, израелскиот Хапоел Ашдод и германскиот Емшдетен.

Можеби ќе ве интересира: