Реклама

Вработените од „Колска“ протестираа пред канцелариите на УЈП во Велес

Претпладнево, два часа вработените од фабриката за шински возила „Колска“ протестираа пред канцелариите на УЈП во Велес. Тие на овој начин го изразија незадоволството што УЈП решила присилно да го наплати долгот од 37 милиони денари, со продажба на дел од имотот на фабриката.

Вработените предупредуваат дека со затворањето на „Колска“, како единствена фабрика која во земјава врши поправка на патничките и товарни вагони, за истата намена во странство ќе се плаќаат неколку пати повисоки цени за истите услуги.

Содржината продолжива под рекламата

Agria

„Свесно се оди на затворање на ‘Колска’. Со оваа продажба на парче по парче на имотот тоа ќе се случи, а ние вработените ќе си одиме дома. Со нашето затворање, колите- вагоните ќе се носат на поправка во Србија или Бугарија, за далеку повисоки цени. Тоа ќе биде излез на девизи и 80 вработени без работа, под биро“, рече Тони Арсовски, претседател на основната синдикална организација на ССМ во „Колска“.

На протестот му се приклучија и поранешни вработени, сега пензионери. Се сеќаваат дека и „плавиот воз“ на Тито во 1970 година бил репариран во „Колска“.

Можеби ќе ве интересира: