сабота, 8 октомври, 2022
Реклама

Возило излета од автопатот Градско-Неготино, има повредени лица

Policija lenta

Возило излетало од автопатот ГрадскоНеготино, има повредени лица, ова се првичните информации кои за МИА ги потврдија од МВР.

-Утрово околу 09.34 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот А1, Градско-Неготино, во близина на бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило, со српски национални ознаки, излетало надвор од коловозот. Според првичната пријава, во несреќата има повредени лица кои се пренесени за укажување на лекарска помош. Полициски службеници се упатени на местото на несреќата, велат од МВР.

Agria

Посочија дека засега не можат да дадат повеќе детали за сообраќајката.

Можеби ќе ве интересира: