Реклама

Над 30 илјади македонци викендов го поминаа граничниот премин „Богородица“

Granicen premin Bogorodica

Речиси 75 илјади луѓе ја поминаа грчко-македонската граница викендов на преминот „Богородица“ кај Гевгелија.

Од МВР велат дека за периодот од 29.07.2022 до 31.07.2022 до 11 часот, границата на „Богородица“ ја поминале 31.268 македонски државјани и 43.085 странски државјани. Најчести меѓу странските државјани се Срби, Романци и Унгарци. Ова се вкупни бројки и за влез и за излез од државата.

Agria

Од МВР додаваат дека граничниот премин работи со полн капацитет, во функција се сите сообраќајни ленти.

„На ГП Богородица се работи со полн капацитет. Сите сообраќајни ленти наменети за контрола на патници се во функција, сè со цел непречено и брзо извршување на потребната контрола за излез од Северна Македонија“, велат од МВР.

Извор на веста. Sdk

Можеби ќе ве интересира: