Реклама

Велешанецот Јован Јовановски, тениски судија со светска кариера

Нашиот сограѓанин Јован Јовановски положен интернационален тениски судија во периодот од 23 до 30 Јули ја претставуваше Македонија и град Велес на традиционалниот АТП 250 КИТЦБИЛ во Австрија.

Јовановски е првиот велешанец тениски судија кој се појавува на силен турнир од категоријата 250 каде што учестуваа доста познати тенисери од ТОП 50 на светската АТП листа како Баутиста Агут,ланскиот финалист Педро Мартинез,италијанецот Лоренцо Сонего,русинот Aслан Карацев,србинот Душан Лајовиќ,како и поранешниот освојувач на US Опен и 3 тенисер на светот Доминик Тим од Австрија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од вкупно 45 линиски судии Јовановски влезе во најдобрите 18 и беше дел од големите финалиња на централниот терен на дубл и сингл конкуренцијата.Во сингл конкуренцијата титулата ја освои третиот носител на турнирот шпанецот Баутиста Агут кој го победи домашниот претставник Филип Мишолиќ,а во дубл конкурецијата титулата ја освоија Сонего/Мартинез кои ги победија Пуетз и Венус од Германија.

Нашиот сограѓанин освен овој турнир претходно беше дел и на голем дел Фјучерси,WТА турнири во Белград,како и официјалното тимско натпреварување за мажи DAVIS CUP и жени Billie Jean King Cup.

Можеби ќе ве интересира: