недела, 4 декември, 2022
Реклама

Москва реагира на помошта за Украина, МНР одговори дека Македонија е суверена држава

rusko i mak zname

Македонската влада во три наврати испратила воена помош за Украина, но што точно добила украинската војска останува мистерија. Информациите се чуваат како строга воена тајна велат од Министерството за одбрана, по објавените видеа на кои се гледа транспортот на македонски тенкови кон завојуваната земја.

Од Одбрана велат дека оваа информација непланирано протекла во јавноста, а секоја одлука за воена помош за Украина се носи во договор со сојузниците.

Agria

“Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија”, кусо одговорија за Сител од Министерството, на прашањето што се Македонија има испратено во Украина покрај тенковите Т-72.

Сличен одговор добивме и од владата, од каде велат дека освен воената, секој друг тип на помош јавно се објавува.

А донацијата на македонските тенкови за украинската армија наиде на остра осуда од Русија. Тоа е голема грешка, со која Македонија продолжува да го поддржува криминалниот режим во Киев, вели портпаролката на руското МНР.

Македонија одлуките ги носи самостојно, стоиме зад територијалниот интегритет на Украина,

“Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност. Уште од самиот почеток ја осудивме воената интервенција во Украина и застанавме во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила”, се посочува во соопштението. 

Инаку македонските тенкови се дел од баталјонот за кој е планирано да биде целосно расформиран. Од Одбрана велат дека станува збор за неконкурентни и некомпатибилни тенкови, за кои дополнително треба да се трошат и ресурси за нивно уништување.

Во македонската армија е во тек набавка на американски лесни оклопни возила, со кои, велат, се врши потребната модернизација на АРМ.

Извор на веста: Сител

Moжеби ќе ве интересира: