Реклама

Пелоси го напушти Тајван

Nansi Pelosi

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси денеска го напушти Тајван откако вети солидарност и ја поздрави неговата демократија, предизвикувајќи лутина на Пекинг кој тврди дека оваа островска земја е дел од Кина. Пелоси, пристигна на Тајван доцна во вторникот, по посетите на Сингапур и Малезија, а својата азиска турнеја треба да ја продолжи во Јужна Кореја и Јапонија. Пелоси, на денеска им рече на тајванските лидери дека Вашингтон нема да се откаже од неговата посветеност на островот и покрај противењето на Кина.

„Денес светот се соочува со избор помеѓу демократија и автократија“, рече Пелоси во краткиот говор за време на состанокот со тајванската претседателка Цаи Инг-вен. „Определбата на Америка да ја зачува демократијата, овде во Тајван и ширум светот, останува железна“, додаде таа.

Agria

Кина, која го смета Тајван како одметничка провинција која ќе биде припоена со сила доколку е потребно, гледа во контактот на американските официјални лица со Тајван како обид да се поттикне независноста на таа земја. Патувањето на Пелоси ги зголеми тензиите меѓу САД и Кина поради нејзината позиција како лидер на Претставничкиот дом. Таа е првиот спикер на Домот кој го посетил Тајван по четвртина век, од Њут Гингрич во 1997 година.

Можеби ќе ве интересира: