Реклама

Се намалуваат цените на горивата

Guzvi pred benzizski

Малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 од утре се намалуваат за 2 денари, додека малопродажната цена на Еуродизелот се намалува за 2,5 денари, објави Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3 денари, додека цената на Мазутот М-1 НС не се менува.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според тоа, новите цени од полноќ се: Еуросупер 95 – 93,50 (денари/литар), Еуросупер 98 –  96,00 (денари/литар), Еуродизел –  93,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 91,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС – 53,343 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира: