Реклама

Почина 46-годишната жена од Неготино откако пред пет дена беше претепана од нејзиниот партнер

tepacka

Почина 46-годишната жена од Неготино откако пред пет дена била претепана од нејзиниот партнер П.Н. (51). Таа била во кома поради тешките повреди и се борела за живот.

Жртвата беше мајка на две полнолетни деца, а со П.Н. од Неготино била во врска подолг период.

Agria

По инцидентот итната помош ја повикал П.Н., кој од тогаш е во притвор.

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Неготино за кого постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело – tешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира: