недела, 4 декември, 2022
Реклама

Двајца велешани уапесни за бела прашкаста материја, кај еден најдена марихуана

Marihuana

Велешката полиција вчера уапси тројца велешани, кои ги сомничи дека поседувале недозволени супстанции. Кај две момчиња било пронајдено по едно пакување со бела прашкаста материја, а момчињата се приведени во станица. 20 годишно момче пак синоќа е уапсено, откако полицијата му пронашла марихуана.

„На 10.08.2022 година, во 10.30 часот полициски службеници од Одделот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода К.Г (26) и К.В (28) од Велес, затоа што кај нив било пронајдено и одземено по едно пакување со бела прашкаста материја. Лицата се приведени во полициската станица во Велес. На 10.08.2022 година во 21.25 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.М (20) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, велат од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По целосно документирање на двата случаи, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци и пријава.

Можеби ќе ве интересира: