вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Одземен пасошот на Жан Митрев

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на сопственикот на клиниката Жан Митрев, му го одзеде пасошот.

Судот е согласен со наводите на обвинителството дека постои опасност Митрев да избега.

Agria

Одлуката на судот следи откако обвинителството денеска отвори истрага и го повика на распит Митрев, откако ИРЛ во документарниот филм „Нечиста крв“ обелодени сведоштва на семејства на КОВИД пациенти врз кои била применувана методата хемофилтрација (филтрација на крвта) без да знаат дека се предмет на клиничко испитување. Хемофилтрацијата, доктор Митрев, ја рекламираше како единствен спас за лекување од корона вирусот, а услов за лекување на пациентите беше авансно да уплатат 12.000 евра за да бидат хоспитализирани во клиниката. Клиничките студии кои се вршеле во болницата не се пријавени во државната Агенција за лекови – МАЛМЕД.  

Можеби ќе ве интересира: