вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Батиниќ ново засилување за Деспина Прилеп

Како што веќе најавивме, и Николина Батиниќ го напушти ЖФК Борец и ги засили редовите на ЖФК Деспина од Прилеп. Велешани ќе ја памтат по одличната контрола на играта и спектакуларните голови од далечина.

Најдобрите фудбалерки на Борец си заминаа од клубот. Александра Јовановска замина во Дојран во екипата на Истатов, Елма Шемсовиќ потпиша за Саса, Максимовиќ и Батиниќ ја засилија Деспина од Прилеп, па се поставува прашањето со каков играчки кадар ќе настапи клубот во престојната сезона.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Женскиот фудбалски клуб Борец минатата сезона ја заврши на шестата позиција со освоени 39 бода а Јовановска, Шемсовиќ, Максимовиќ и Батиниќ беа незаменливи на теренот.

Можеби ќе ве интересира: