Реклама

Три тепачки во вчерашниот билтен на СВР Велес

tepacka

Три тепачки се регистрирани во СВР Велес во текот на вчерашниот ден.

„На 17.08.2022 во полициска станица во Велес, 31-годишна велешанка пријавила дека во семејната куќа во Велес, по вербална расправија помеѓу неа и нејзините сестри М.С и Н.С, била физички нападната од Е.М., со кого била во вонбрачна врска“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„На 17.08.2022 во полициска станица во Велес, Б.П.(41) од Велес, пријави дека на ул.„Благој Ѓорев“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници“.

„На 17.08.2022 во полициска станица во Велес, Н.О.(34) од Велес пријави дека нејзината малолетна ќерка на ул.„Ѓорги Димитров“ во Велес била физички нападната од Д.А.“, стои во соопштението од СВР Велес.

По целосно документирање на случаите, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира: