недела, 4 декември, 2022
Реклама

Армијата одбележа 30 години постоење

По повод големиот јубилеj, 30 години македонска армија, во касарната „Илинден” се одржа свечена церемонија на која беа претставени македонските воени единици, а присуствуваа Врховниот командант и претседател на Македонија Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, како и владини, собраниски и други функционери и претставници на дипломатскиот кор.

На денешната прослава, со Орден за воени заслуги беше одликуван првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски. На свеченоста претседателот Пендаровски го унапреди полковникот Сашко Лавчиски, досегашен командант на Првата пешадиска бригата на Армијата, во бригаден геренал. 

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Централната свеченост е една од завршните активности со кои се одбележуваше јубилејот 30 години од формирањето на Армијата меѓу кои беа реализирани: изложба по повод 30 годишниот јубилеј, отворениот настан за граѓаните, трибини, спортски натпревари, хуманитарни акции и прослави во единиците.

Можеби ќе ве интересира: