четврток, 8 декември, 2022
Реклама

Велешанецот Ангел Петрушев четврти на Европското првенство за јуниори во дисциплината К-1

Македонскиот репрезентативец во слалом кајак на диви води,велешанецот Ангел Петрушев го освои четвртото место на Европското првенство за јуниори во дисциплината К-1. Во финалната трка за помалку од една секунда му избега првата медала во кајак на диви води за Македонија.

Петрушев беше прв по полуфиналето со најдобро време, и две третини од финалето веслаше одлично, со најдобро време на минување на патеката, сепак му фалеа само 90 стотинки до медал.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Овој успех може да се издвои како еден од најдобрите успеси во Јуниорска категорија во Македонија.

Можеби ќе ве интересира: