Реклама

Даштевски: Очекуваме изборите да поминат во најдобар ред

izbori

Очекуваме изборите да поминат во најдобар ред, а за тоа да биде уште подобро, цела недела во Одделението на Државната изборна комисија се одржуваа обуки, а претходно беа извршени и измени на членовите кои дадоа оставка или веќе не се дел од општинските комисии. Апаратите за отисок од прст се ажурирани, што не е тежок процес бидејќи се работи за три општини, информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Во централниот дневник на телевизија „Сител”, Даштевски синоќа соопшти дека за денешните избори на избирачкиот список има пријавено 101.000 лице.

Agria

Во 09:30 часот, ДИК ќе одржи прес-конференција за излезноста, а околу 12:30 часот членови на ДИК ќе присуствуваат на самото место на гласање во Тетово, каде исто така ќе се одржи прес-конференција по што ќе бидат посетени и Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Во 19:30 часот е предвидено ДИК да одржи прес-конференција за првичните резултати за излезноста.

Во врска со малата излезност во Маврово Ростуше и Центар Жупа, претседателот на ДИК посочи дека се работи за области каде што голем дел од граѓаните се заминати надвор од државата.

Можеби ќе ве интересира: