Реклама

(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Александар Сашко Кукулев: „Водена приказна“ не е ‘кукумјавчење’ за нашата судбина

„Водена приказна“ е најновата книга на велешкиот писател Александар Сашко Кукулев, која неодамна излезе од печат. Во неа, тој ги опишува своите доживувања од престојот во градот Воден, во Егејска Македонија, но и приказните кој тој ги запишал, а се поврзани со судбините и страдањата на македонското население таму, во текот на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година.

Кукулев вели дека ова не е книга во која можете да прочитате некакво „кукумјавчење“ на тема „каде сте Македончиња, жално плаче мајка егејска“, „солзи сами капат, прости ми“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Не. Таа приказна е веќе слушната и изџвакана, видена можеби и повеќе отколку што е потребно. Ова е една современа ретроспектива, со која се обидувам да ги согледам последиците кои Граѓанската војна во Грција ги рефлектирала врз тамошното население, пред сè, мислам на македонското население во Грција, односно Егејска Македонија“, вели Кукулев.

„Водена приказна“ е трета книга на Кукулев. Тој е автор кој обработува теми од историјата на македонскиот народ. За себе вели дека е голем вљубеник на Велес, па затоа и една од неговите дела го обработува феноменот кој на овој град му се случи, а е поврзан со претседателските избори во САД во 2016 година.

За новата книга, за неговото досегашно творештво, но и за многу други интересни детаљи од професионалниот и приватниот живот на Александар Сашко Кукулев, погледнете го видео интервјуто:

Можеби ќе ве интересира: