недела, 4 декември, 2022
Реклама

Зијадин Села поднесе оставка од партијата по изборните резултати

Зијадин Села попладнево излезе на прес-конференција и соопшти дека поднесе оставка на функцијата претседател на Алијанса за Албанците. Тој нагласи дека причината за оставката е поразот на партиската кандидатска листа за општинскиот Совет во Тетово нагласувајќи дека Алијанса за Албанците оствари многу лош резултат и дека нема да има учество во Советот.

Тој прес-конференцијата ја одржа во Тетово веднаш по завршувањето на состанокот на Претседателството на партијата, која беше итно свикана иако беше планирана за вечерва.

Agria

„Разговаравме за резултатите од изборите, стојам на ставот дека Тетово не е само еден град или населба, но сепак резултатите се лоши и затоа давам неотповиклива оставка Подоцна Централното собрание ќе одлучи кој ќе биде вршител на должноста претседател на партијата. Им благодарам на сите граѓани кои нѐ поддржуваа и веруваа во нас. И треба да веруваат во Алијанса за Албанците затоа што од овие случувања партијата ќе биде посилна од досега“, рече Села.

Тој најави дека во партијата ќе се направат сериозни анализи за досегашната работа и за резултатите од изборите, но и за сите оние кои одвнатре ја саботирале Алијанса за Албанците.

Села на новинарите им изјави дека не сака повторно да се кандидира за истата функција, прво од морални причини, но и потсети дека статутот предвидува такво право да се има само двапати.

На вчерашните избори, Алијанса за Албанците не освои ниту еден мандат во Советот на Општина Тетово.

Инаку, Села е еден од основачите на Алијанса за Албанците, формирана од група членови на ДПА во времето на сериозен раскол во таа партија и нејзин долгогодишен лидер.

Можеби ќе ве интересира: