Реклама

Урнебесно: Велешанецот Стефан Николовски ги однесе македонските политичари заедно на одмор

No photo description available.

Велешанецот Стефан Николовски стана вистински хит, откако на својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ сними и објави повеќе видеа, кои ќе направат „да плачете од смеа“.

Тој креира видеа, имитирајќи познати политичари како претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Парламентот Талат Џафери, лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев, поранешниот премиер Никола Груевски, лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов, премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во кои доловува измислени ситуации, како би изгледало кога сите политичари одат на одмор во Охрид. 

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Оваа измислена ситуација започнува со видеото насловено „Пауза на Плетвар“, потоа „На кеј во Охрид“, „Населба Рача“, „На Градиште“, и последното објавено видео го носи насловот „На дива плажа“.

Инаку, Стефан Николовски неодамна стана дипломиран актер откако го заврши Факултетот за драмски уметности во Скопје. Вели дека имитациите го привлекувале отсекогаш, а малкумина знаат дека еден од првите ликови кого го имитирал е неговиот идол и сега веќе колега, Сашко Коцев.

„Со актерството започнав уште од мали нозе. На свои девет години за прв пат застанав на сцена и продолжив како актер-аматер, се до 18 години кога се запишав на Факултетот за драмски уметности. Отсекогаш бев пристрасен кон комедија иако во моите, околу 25 аматерски премиери, играв и големи и сериозни ликови. На ФДУ бев препознатлив по своите имитации, кои што се дел од програмата во прва година и така и дојде до идеата да почнам со ваков тип на видеа. Пред околу четири месеци дипломирав со претставата “Семејство” која што се надевам дека од октомври велешани ќе имаат прилика да ја видат и во нашиот театар. Покрај “Семејство”, велешани ќе бидат наградени со уште една претстава, ќе имаат прилика да ме гледаат во најурнебесната комедија до сега “Спонзорушка” во режија на Дејан Дамјановски“, рече Николовски во изјаза за нашиот портал.

Освен имитации на политичари, на инстаграм профилот на Стефан Николовски ќе најдете уште неколку урнебесни видеа.

Погледнете ги видеата и посетете го неговиот истаграм профил:

Можеби ќе ве интересира: