вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Музичка приказна на „Дуо пијано“ Божиновска – Димовска во Велес

Вчера во салата „Бели Мугри“, љубителите на класичната музика имаа можност да уживаат во прекрасните звуци на пијаното, во изведба на две врвни пијанистки од Битола, Татјана Божиновска и Билјана Димовска.

Концертот беше насловен “Музиката раскажува приказни“, а дуото на пијано Божиновска – Димовска во нивниот избор за овој концерт ставија и изведоа дела од познатите балети на Петар Илич Чајковски, Свита од балетот “Заспаната убавица“ и  “Оревокршачка“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Дуото пијано во состав Татјана Божиновска – Билјана Димовска делува заедно од 2009 год. и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Прилеп, Охрид, Скопје, Штип, Гевгелија, и на фестивалите: „Интерфест”- Битола (2009, 2020), „Битфест” –
Битола (2011, 2013, 2018), „Златна лира”- Скопје (2011, 2021), „Прилепско културно лето” – Прилеп, „Музички моменти” – Гевгелија. Во 2013 година го снимаат и своето прво CD.

Можеби ќе ве интересира: