Реклама

Ирина Бухова повеќе не е директорка на ДСЗИ, се бара нејзин наследник

Irena Sotirova Buhova

Досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова нема повеќе да ја врши функцијата, дознава порталот Фактор. Нејзиниот мандат истекол уште на 5-ти април годинава, но досега се бараше нејзина замена.

„Одредени структури во Министерството за здравство добија да најдат замена, уште во април откако и заврши мандатот“, велат изворите на Фактор.

Agria

Бухова за порталот ја потврди информацијата и изјави дека и самата таа побарала да именуваат нов директор.

Уште не се знае кој ќе биде нејзиниот наследник, односно кој ќе биде новиот директор на ДСЗИ.

Moжеби ќе ве интересира: