Реклама

Матичните лекари најавуваат штрајк од 5 до 7 септември

На 5,6 и 7 септември нема да има издавање на упати и пропишување на рецепти. Матичните лекари со протест на работните места ќе го искажат револтот од неисполнување на нивните неколкумесечни барања. 

Ваква одлука донесе денеска  Управниот одбор на Здружението на приватни лекари, оставајќи им неколку денови на здравствените власти и премиерот, примарното здравство да биде прва точка на владина седница со конкретни решенија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Велат дека амбулантите им се пред колапс и очекуваат итно покачување на капитацискиот бод. Се работи за опстанок на матичните лекари по севкупното зголемување на цените, особено на струјата и на бензинот. Мора нешто да се смени за да има кој да ги лекува граѓаните, велат од здружението.

Можеби ќе ве интересаира: