четврток, 8 декември, 2022
Реклама

Борец Јуниор го освои турнирот во голем фудбал за млади категории во Превалец

Фудбалерите на Борец Јуниор се освојувач на трофејот во голем фудбал за млади категории на фудбалери, екипи составени од играчи на 15-16 години (помлади пионери и пионери), кој фудбалскиот клуб Превалец го организираше по повод верскиот празник Голема Богородица.

Второто место го освои екипата на Превалец, третото место го освои Тиквеш, додеке четвртото место го освои екипата на Неготино. За најдобр голман беше прогласен Петар Неделчев од Борец Јуниор, додека најдобар играч е Давид Богдановски од ФК Превалец.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На теренот во Превалец се одигра натпревар помеѓу ветераните на ФК Превалец, а натпревар одиграа и фудбалери -петлиња од ФК Превалец.

Можеби ќе ве интересаира: