недела, 4 декември, 2022
Реклама

Денеска почнуваат уписите на УКИМ и на факултетите во Охрид

UKIM

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување за упис во прва година во академската 2022/2023 година за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование. Почнаа уписите и на двата факултети во Охрид.

За УКИМ на 15 и 16 септември е вториот и на 28 септември – третиот рок . За оние кандидати кои покрај успехот од средното образование се рангираат и според проверка на знаења и умеења, првиот рок за пријавување беше на 25 и 26 август, вториот е на 14 и 15 септември и третиот рок на 28 септември.

Agria

Според Конкурсот за запишување на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на скопскиот универзитет се слободни 10.918 места.

Од нив, 5.306 места се за редовни студенти во државната квота кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра се наменети 4.522 места и 1.090 места за вонредни студенти.

Во Охрид слободни места за упис има за 347 студенти на Факултетот за туризам и угостителство и 440 студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

Првиот уписен рок за идните студенти на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид е денес и утре, додека вториот уписен рок е на 14 и 15 септември, а третиот на 26 септември.

На ФТУ -Охрид во редовната државна квота ќе се запишат 170 студенти кои ќе партиципираат со по 200 евра. Во редовната квота со кофинансирање во висина од 400 евра ќе можат да се запишат 111 студенти, а вонредно ќе можат да студираат 66 студенти. За тоа тие ќе треба да одвојат 400 евра.

Прелиминарните резултати од пријавувањето во првиот уписен рок ќе бидат истакнати на први септември.

Првиот уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид е денес, утре и задутре, вториот на 19 и 20 септември, додека третиот на 28 септември. Прелиминарните резултати од пријавувањето во првиот уписен рок ќе бидат истакнати на 5 септември.

Можеби ќе ве интересира: