недела, 4 декември, 2022
Реклама

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска. Пред публиката свој настап имаа и учениците Тања Богдановска, Стефан Ракиџиев од музичкото училиште „Стефан Гајдов“ со свои музички точки.

Ленче Китанова е семеен човек, сопруга, мајка на две возрасни деца. Значењето на семејството ја прави успешен автор на семејни романи. Од нејзино перо произлегуваат романите „За една вистина“, „Зошто станав калуѓерка“ и „Тркало на животот“, збирките раскази „Приказни на една младост“, „Графитот, рака, мерак и глупак“, збирките поезија „На заминување“ и „Тунел“. Дел од нејзиното творештво е објавено во антологии, збирки и на Македоника.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Критички осврт на романот преку промотивна реч говореше промоторот на книгата Наташа Брезовска Богоевска.

„Романот „Тркало на животот“ е семеен роман во кој Китанова семејството го става на највисокиот пиедестал. И повторно не она идеално семејство од реклами, туку семејство од нашата околина, со сите негови недостатоци. Иако на моменти сурово ја искажува вистината, не заборава да ни потенцира дека вистинската љубов и вистинското почитување се најсилните нешта. Тие се единствениот двигател кои те тераат да чекориш низ животот. Силјан, главниот лик во романот, ги имал и двете, па затоа умеел да се справи со своите тешкотии кои му ги приредил животот. Самиот наслов на романот „Тркало на животот“ ни ја дава метафората на живеењето, неизменично менување на тагата и радоста, добивката и загубата, како што вели нашиот познат писател Петре М Андреевски „Ама срцето човечко било бунар кој што се полни, ама не се преполнува“ “, рече промоторот Наташа Брезовска Богоевска.

Авторот Ленче Китанова им се заблагодари на сите присутни на промоцијата и на сите им подари примерок од романот.

Можеби ќе ве интересаира: