Реклама

Има ли нови заразени од велешкиот маркет? Тестовите стигнаа денеска!

Test

Освен шесте првично откриени, ниту еден друг вработен во големиот маркет во Велес, не е заразен со коронавирус, дознава Батали.нет од извори на вработените во маркетот. Така покажале тестовите кои им се направени на вработените во Систина, а кои пристигнале денеска. Тестовите им биле направени на иницијатива и трошок на сопственикот на маркетот.

Вработените вчера тврдеа дека никој од оние кои биле заразаени со коронавирусот, до петокот не бил пратен во изолација. Според нив, во петокот на 17 април, кога им пристигнале последните резултати, дел од позитивните на коронавирусот биле на своите работни места.

Agria

Затоа и многу граѓани кои деновите пред празникот пазареле во овој маркет се во паника, оти дел од вработените имаат директни контакти со купувачите.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) има спротивен став од оној на вработените.

„Веднаш по откривањето на првата заразена, сите луѓе кои контактирале со неа се испратени во самоизолација. Сè до потврдата дека дел од нив се позитивни, се водеа како контакти, а потоа како заболени. Во меѓувреме, првично беа како позитивни и четворица членови на фамилијата на првозаразената, а сега уште двајца членови на една вработена. Но сметаме дека кругот е затворен, бидејќи сите од првиот момент биле во самоизолација. Од вторник сите вработени ке бидат сменети со целосно нов персонал, а во објектот ќе вршиме и механичко чистење”, вели директорката на ДЗСИ Ирина Сотирова Бухова.