При акциска контрола за незаконит лов, одземена пушка на жител на Горно Оризари

Lovecka pusla

Денес во периодот од 04.00 до 08.00 часот, на подрачјето на сите Сектори за внатрешни работи, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција извршиле контрола во реоните каде се врши ловство.

При контрола на место викано „Витанска крстосница“, на подрачјето на Чашка, на жител на село Горно Оризари му е одземена ловечка пушка и повеќе парчиња патрони и муниција.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Во 06.45 часот, пак, на место викано „Витанска крстосница“, на подрачјето на Чашка, од  И.Т.(61) од село Горно Оризари биле одземени ловечка пушка ,,М-80“ и 12 патрони 12 мм, поради сторен прекршок по член 83А од Законот за оружје“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: