Реклама

Санчо се договорил со Јунајтед, тврдат медиумите од островот

Играчот на Борусија Дортмунд, Санчо е се поблиску да стане нов играч на Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми тврдат дека крилото на Борусија Дормунд, се договорил со Јунајтед околу своите примања.

Според медиумите Санчо во Јунајтед, ќе заработува 400 илјади фунти неделно.

Agria

Останува да видиме дали овие информации се точни. Трансферот на Санчо би можел да биде рекорден трансфер за двата тима, односно околу 140 милиони фунти, а можна е и опција за пари и играч плус, а се шпекулира името на Мејсон Гринвуд.