Реклама

Падна првото изненадување на СП, Саудиска Арабија ја победи Аргентина со пресврт

Репрезентацијата на Саудиска Арабија го приреди првото големо изненадување на Светското првенство и тоа против Аргентина која важи за селекција која е меѓу главните фаворити за пехарот.

„Гаучосите“ беа доминантни во првиот дел во кој поведоа со погодокот на Лионел Меси (пенал), плус им беа поништени три погодоци поради офсајд. Со овој резултат се замина на пауза, пауза по која следуваа шокантни минути за Меси и компанија.

Agria

Имено Саудиска Арабија тргна офанзивно и од 48 до 53 минута преку Ал Шехри и Ал Давсари направи целосен пресврт. Овој шок, удар тешко му падна на фаворитот кој во преостанатиот дел се обидуваше да се врати во игра, ама со исклучок на приликата која ја имаше Таљафико во 63 минута немаа доволно силен притисок кој ќе им овозможи кам-бек.

Со ова заврши серијата на пораз на Аргентина која траеше од 2019 година. Воедно ова за нив е прв пораз на ваков начин на СП од 1930 година, односно да водат во првото полувреме и потоа да мора со наведнати глави да го напуштат теренот.

Можеби ќе ве интересира: