вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

(ВИДЕО) „Комити“ прославија 35 години постоење

KOMITI PROSLAVA

Вардар и „Комити“ приредија величествени моменти на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и само уште еднаш ја потврдија големината на најтрофејниот клуб во нашата земја, но во целата богата програмата, се вклучија и двајцата браќа кои се многу добри пријатели на познатата навивачка група.

Браќата Мартин и Стефан од „Некст Тајм“ одново се погрижија за незаборавни моменти на најголемото фудбалско здание во Македонија, режирајќи сцени кои вечно ќе остана во сеќавање на фановите на Вардар кои беа присутни на стадионот.

Agria

Покрај сите извонредни кореографии и еуфоричната атмосфера која владееше на Западната трибина, еден од завршните чинови беше оној на двајцата браќа, кои со својот перформанс направија сите навивачи да паднат во ектаза.

Мартин и Стефан самите ги споделија незаборавни моменти од „Тодор Проески“ преку социјалните мрежи, потег со која ја одбележаа 75-годишнината од постоењето на Вардар и 35-годишнината на „Комити“.

Во ревијалниот меч кој се играше во Скопје, резултатот дефинитивно беше во втор план, но Вардар може да се пофали дека славеше со 2:0 против Железничар од Сараево.

Можеби ќе ве интересира: