вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Поевтинуваат дизелот и мазутот

Benziska pumpa

Цените на дизел горивото и на маслото за горење од ноќеска на полноќ се намалуваат за два денара по литар, а мазутот поевтинува за 1,263 денари по килограм одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 88 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 83,5 денари, додека Мазутот М-1 НС ќе чини 41,783 денари за килограм. Бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98, пак, и понатаму ќе се продаваат за 86,5, односно за 88,5 денари за литар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

ОД РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,789 отсто, кај дизелот за 4,373, кај екстра лесното за 4,239 и кај мазутот за 4,249 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,252 отсто.

Можеби ќе ве интересира: